MKinformer

your daily dose of news

Омерагиќ: Можам да ветам дека ќе дадам се од себе – Полните трибини за секој играчи значат мотив

22/07/2025 10:13

Во утринската програма на МРТ гости беа тренерот на Вардар Гоце Седлоски, капитенот Азер Омерагиќ и спортскиот директор, Игор Ивановски.

Капитенот, Омерагиќ потенцира дека атмосферата во тимот е одлична и дека сите се свесни што значи да се носи дресот на Вардар.

„Можам да ветам дека ќе дадам се од себе, сакам да дадам гол за Вардар за да оди напред. Во соблекувалната атмосферата е позитивна, имаме два меча против Лозана, нашата желба е да одиме понатаму во ова натпреварување“.

„Полните трибини за секој играчи значат мотив, голема желба, енергијата која доаѓа од трибините е уникатна. Ние не играме само клубот и за нас, туку и за навивачите“, порача капитенот на Вардар, кој говореше за тежината на „црвено-црниот“ дрес”.

Фото: Вардар – фото галерија/фб

error: Содржината е заштитена од копирање !!