БРАВО! ОДЛИЧЕН настап на Стојановска во маунтбајк трката на ЕМФ 2025
23/07/2025 13:33Таа патеката ја мина за време од 1:10:21 часа, што беше за петнаесетина минути полошо време од победничката Јеле Калусер од Швајцарија.
Колку за илустрација за доброто возење на македонката е фактот што сите што завршија зад неа заостануваат со еден или повеќе кругови.

Македонската претставничка во планински велосипедизам, Далија Стојановска, имаше повеќе од добар настап освојувајќи го одличното 17-то место во конкуренцијата на 27 натпреварувачки на патеката во близина на Куманово.




