(Вознемирувачко видео) Хорор на ЗОИ: Со лизгалка и го расекоа лицето, цела стаза во крв
21/02/2026 12:53
Полската лизгачка Камила Селиер (25) се здоби со сериозна повреда за време на четвртфиналната трка на 1.500 метри во брзо лизгање.
Во еден момент од трката, во која учествуваа и Ариана Фонтана и Кристен Сантос-Грисволд, дојде до пад на сите три натпреварувачки. Во метежот што следеше, лизгалката на Сантос-Грисволд ја удри Селиер во пределот под окото, при што таа доби длабока расекотина.
Мразот беше облеан со крв, а по укажаната прва помош, Селиер беше изнесена на носилка и пренесена во болница.
Скршеница на јаболчницата и шивање на раната
Од Полски олимписки комитет информираа дека повредата е хируршки третирана и дека лизгачката има мала фрактура на јаболчната лицева коска.
Според лекарските прегледи и направените КТ-снимки, нема индикации за трајно оштетување на окото, иако околниот дел бил значително отечен.
Од Комитетот соопштија дека Селиер не изгубила свест и дека нејзината состојба е стабилна. Се очекува да остане во болница еден ден пред да биде пуштена на домашно лекување.
Фонтана продолжи во полуфинале
Другите две натпреварувачки поминаа без сериозни последици. Италијанската ветеранка Фонтана, која има освоено 15 олимписки медали, се здоби само со оштетен натпреварувачки костим и лесна болка во колкот, но успеа да ја заврши трката и да обезбеди место во полуфиналето.
Another look at the horrible Kamila Sellier speed skating accident. When it is slowed down like this you can see how close it was to leaving her partially blinded. pic.twitter.com/cefobBcW7V
— USA NEWS 🇺🇸 (@usanewshq) February 20, 2026





