MKinformer

your daily dose of news

37 пожари во текот на вчерашниот ден, активни се пет, три под контрола

23/07/2025 8:21

Во последните 24 часа на територијата на Македонија регистрирани се вкупно 37 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, три се под контрола и 29 се изгаснати, соопшти утрово Центарот за управување со кризи.

Активни се пожарите на териториите на општините Василево, Радовиш и Берово (кај селото Нивичино, на планината Голем Готен и Малешевските Планини), два во Македонски Брод (кај селото Грешница и помеѓу селата Локвица и Крапа), Прилеп (село Бешиште, месност Бешишки Рид) и Желино (помеѓу селата Церово и Групчин).

Под контрола се пожарите помеѓу селата Царевиќ и Смолани, Прилеп, селото Латово, Македонски Брод и во близина на тунелите на автопатот Е-75 кај Демир Капија.

error: Содржината е заштитена од копирање !!