Состојба со пожарите на 29/30.07.2025 до 07:00 часот
30/07/2025 8:04
На територијата на Република Македонија имаше вкупно 28 пожари на отворен простор, од кои:
Активни: 3
Под контрола: 5
Изгаснати: 20
АКТИВНИ: 3
1. Општина Василево, Радовиш и Берово: с. Нивичино, на планината Голем Готен и Малешевските Планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација);
2. Општина Прилеп: с. Бешиште, место викано Бешишки Рид, друг крак према с. Градешница (Опш. Новаци) и трет крак кон границата со Р. Грција. Не се интервенира поради детонации (мешана шума);
3. Општина Прилеп и Кавадарци: помеѓу селата Царевиќ, Смолани, Радобил и Дрен (Опш. Прилеп), и Галиште и Трстеник (Опш. Кавадарци) (мешана шума и нискостеблеста вегетација);
ПОД КОНТРОЛА: 5
1. Општина Македонски Брод 1: с. Грешница (мешана шума и ниска вегетација);
2. Општина Македонски Брод 2: помеѓу селата Црешево, Локвица и Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација);
3. Општина Штип: помеѓу селата Драгоево и Селце (нискостеблеста шума, прнар и ниска вегетација);
4. Општина Карбинци: с. Јунузлија (шума);
5. Општина Македонска Каменица: с. Ќосевица (борова шума);
ИЗГАСНАТИ: 20
1. Општина Струга: с. Велешта (стрниште);
2. Општина Старо Нагоричане и Куманово: с. Облавце, с. Бељаковце, с. Довезенце, Орах и Руѓинце – пожарот се ширеше кон с. Димонце и Коњух (Опш. Кратово), загрозувајќи куќи и помошни објекти (ниска вегетација);
3. Општина Кичево: с. Горно Црско (ниска вегетација и ниска шума);
4. Општина Желино: помеѓу селата Церово и Групчин (нискостеблеста и деградирана шума);
5. Општина Петровец: села Средно и Долно Коњаре (мешана шума);
6. Општина Петровец: Катланово (ниска вегетација);
7. Општина Бутел: Бул. Словенија (ниска вегетација);
8. Општина Сарај: с. Рашче (ниска вегетација);
9. Општина Крива Паланка: с. Нерав (висока борова шума);
10. Општина Новаци: с. Рапеш (бали);
11. Општина Прилеп 1: с. Кантларци (ниска вегетација);
12. Општина Прилеп 2: ул. Јоска Јордановски (ниска вегетација);
13. Општина Охрид: с. Ботун (ниска вегетација);
14. Општина Македонски Брод: с. Латово (ниска вегетација и деградирана шума);
15. Општина Василево: с. Доброшинци (ниска вегетација);
16. Општина Струмица: Турски Гробишта (ниска вегетација);
17. Општина Куманово: с. Рајкова Куќа (ниска вегетација);
18. Општина Старо Нагоричане: с. Младо Нагоричане (ниска вегетација);
19. Општина Делчево: Градска депонија (депонија);
20. Општина Струмица: с. Проселиково (ниска вегетација, ѓубре и корени од домати).




![Состојба со пожарите за 24/25.07.2025 до 08:00 часот, активни 7 пожари pozarnikari-obuka[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/pozarnikari-obuka1.jpg)
