АМЕРИКА СОБРАЛА 100 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ОД ЦАРИНИ: Изјави секретарот за финансии Скот Бесант
23/07/2025 10:09
САД веќе собрале речиси 100 милијарди долари приходи од царини, изјави американскиот секретар за финансии, Скот Бесант. Во интервју за Fox Business, Бесант истакна:
„Се приближуваме до 100 милијарди долари. Според моите проценки, годишните приходи од царини би можеле да достигнат и до 300 милијарди долари.“
Иако не прецизираше за кој период се однесува актуелната бројка, Бесант потенцираше дека во јуни бил забележан пораст на приходите од царински давачки, но не објави конкретна сума.
Останува нејасно дали споменатите 100 милијарди се однесуваат на тековната фискална година или на пократок период. Сепак, најавата за потенцијален раст до 300 милијарди долари укажува на амбициозни очекувања за буџетските приливи од царинската политика до крајот на годината.






