Кина повикува на мирно решавање на тензиите меѓу Тајланд и Камбоџа
24/07/2025 11:50
Кина изрази „длабока загриженост“ поради растечките тензии на границата меѓу Тајланд и Камбоџа, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Гуо Џиакун, на редовна прес-конференција, пренесува Би-Би-Си.
„Кина се надева дека двете земји ќе ги решат своите разлики преку дијалог и консултации,“ изјави Џиакун, потенцирајќи дека Пекинг ќе задржи „фер и непристрасен став“ во однос на ситуацијата.
Тој додаде дека Кина останува посветена на промовирање на мирот и дека ќе продолжи да игра конструктивна улога во охрабрување на дијалогот и деескалација на состојбата.
Потсетувајќи на претходниот апел од кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји, Џиакун рече дека Кина е подготвена да помогне во постигнување на хармонични односи и мирна коегзистенција меѓу Тајланд и Камбоџа.






