(ВИДЕО)Страшна тепачка во Струмица, играа и секири
27/07/2025 11:14
Видеоснимка на која е снимен вистински хорор среде улица ја запали јавноста, човек со секира размавтува пред сведоци, додека друг му возвраќа со тупаници. Сето тоа пред очите на случајни минувачи, објави Фејсбук страната „Струмица онлајн“, каде сцените предизвикаа лавина од шокирани реакции.
Инцидентот, наводно, се случил вчеравечер во центарот на Струмица, а снимката јасно прикажува како вербална кавга прераснува во брутална улична пресметка. Меѓу тепачите се вмешува и жена, очајно обидувајќи се да спречи трагедија.
Она што ја крена јавноста на нозе е што ова не е изолиран случај. Граѓани коментираат дека се работи за хроничен проблем – насилни простаци кои со години малтретираат луѓе во центарот, вклучувајќи и мали деца во нивната „шема за пари“.
Полицијата? Молчи.
Институциите? Никаде ги нема, викенд.
Струмичани прашуваат – треба ли некој да биде сериозно повреден пред надлежните конечно да се разбудат?
„Центарот ни станува дива зона. Ако веќе државата не реагира – кој ќе нè заштити?“, пишуваат револтирани граѓани.



![Во Дебар се предлага организирање на вoopyжени гpaѓански стpaжи policija-mvr[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/policija-mvr1.png)


