MKinformer

your daily dose of news

(ВИДЕО) Од утре меѓународна помош во гаснење на пожарите

28/07/2025 19:05

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов попладнево изјави дека стигнала понуда од страна на Чешка за помош во справувањето со пожарите.

Како што вели, веднаш е прифатена помошта која се однесува на хеликоптер марка Блекхок.

Според Ангелов, утре полетува хеликоптерот и во текот на денот ќе пристигне кај нас.

„Исто така, во текот на денешниот ден добивме понуда за помош од страна на Словенија со 50 пожарникари и со специјални возила за гасење на шумски пожари. Тие ќе тргнат утре околу пладне, а во Македонија ќе бидат во вечерните часови. Ќе бидат сместени во Берово и ќе им дадат поддршка на беровските пожарникари на планината Готем“, вели Ангелов.

error: Содржината е заштитена од копирање !!