MKinformer

your daily dose of news

Петрова по средбата со Муцунски: Условите за Македонија остануваат непроменети од 2022 година

08/10/2026 18:11

Условите за Македонија остануваат непроменети од 2022 година, порача бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова по средбата со македонскиот шеф на дипломатијата Тимчо Муцунски во Софија.

Петрова изјави дека Бугарија ја поддржува европската перспектива на Македонија, но очекува исполнување на преземените обврски од европскиот консензус од 2022 година.

Бугарија бара исполнување на преземените обврски

„Одржавме конструктивна билатерална средба со министерот Муцунски. Таа беше побарана од страна на Македонија и јас ја прифатив“, изјави Петрова.

Според неа, условите за напредок на Македонија кон членство во ЕУ остануваат исти.

Таа нагласи дека Софија очекува исполнување на уставните измени, како и на останатите елементи од договорениот европски консензус.

Бугарското Министерство за надворешни работи официјално соопшти дека Петрова побарала информација за временската рамка во која Македонија планира да ги исполни обврските потребни за почеток на пристапните преговори.

Петрова: Довербата се гради со исполнување на обврските

Бугарската министерка посочи дека македонската страна го истакнала прашањето за градење меѓусебна доверба.

„За мене основниот начин да изградиме доверба е исполнувањето на обврските. Се надевам дека ќе видиме позитивни чекори во таа насока“, изјави Петрова.

Таа повтори дека Бугарија не поставува нови услови пред Македонија, туку инсистира на веќе договорените обврски од 2022 година.

Софија очекува временска рамка од Скопје

Петрова побарала од Муцунски да го претстави ставот на Македонија за роковите во кои би се реализирале преземените обврски.

Според официјалното соопштение на бугарското МНР, двете страни се договориле да продолжат со отворена комуникација за прашања од заемен интерес.

На средбата било разговарано и за други билатерални прашања.

Средбата се одржа на конференцијата за Коридорот 8

Муцунски и Петрова се сретнаа во рамките на Меѓународната министерска конференција за Коридорот 8 во Софија.

Форумот е посветен на стратешкото значење на Коридорот 8, регионалната стабилност, транспортната и енергетската поврзаност и економскиот развој.

Условите за Македонија остануваат непроменети, порача Петрова, додавајќи дека Софија очекува исполнување на обврските од европскиот консензус од 2022 година.

error: Содржината е заштитена од копирање !!