MKinformer

your daily dose of news

Прегазени и тепани со тврд предмет – Повторно настрадаа полицајци на должност

28/07/2025 11:12

Полицајци од Ресен биле жртви на „дивеење“ на група граѓани, по сообраќајна контрола.

Полициски службеници од ОВР Ресен ги лишиле од слобода Б.Р. (26), У.Р. (53), Б.Ј. (23) и Е.Ј.(23), сите од Ресен.

Од Секторот за односи со јавност при СВР Битола информираат дека при вршење на службени дејствија, полициските службеници сопреле патничко возило фиат без регистарски ознаки, управувано од Б.Р. (26) од Ресен, а откако на местото со друго возило пристигнале другите лица, Б.Р. го стартувал возилото и на ногата прегазил еден полициски службеник и удрил во раката друг полициски службеник, по што сите заедно со тврди предмети ги нападнале полициските службеници кои вршеле службени дејствија.

Лицата биле приведени во полициска станица и по документирање на настанот против нив ќе следува соодветна пријава.

error: Содржината е заштитена од копирање !!