Ѓорче Петров доби специјализиран камион и паметен систем за заштита од поплави и отпад
28/07/2025 17:03
Општина Ѓорче Петров ја засили својата механизација со нов специјализиран камион за интервенции на терен, наменет за отстранување отпад и санација на критичните точки покрај реката Лепенец, објави градоначалникот Александар Стојкоски.
Со денешното претставување на возилото, во присуство на министерот за локална самоуправа Златко Перински, беше заокружен прекуграничниот проект „Паметен систем за рано предупредување на поплави и следење на отпадот во сливот на реката Лепенец“, финансиран од Европската Унија преку ИПА II-програмата.
Современа опрема и технолошки решенија
Како дел од проектот, општината доби и напредна опрема за рана детекција и мониторинг:
-
Две паметни камери со сензори кои во реално време откриваат нелегално фрлање отпад
-
Сензор за следење на водостојот со можност за навремено предупредување
-
Два дрона за аеронадзор и мониторинг на ризичните подрачја
Според општинските власти, со ова значајно засилување значително се зголемува капацитетот за брза и ефикасна интервенција, а жителите на Ѓорче Петров добиваат побезбедна и почиста животна средина.






