Војниците со децении на определено – Комисијата утврди индиректна дискриминација
29/07/2025 9:04
Во Комисијата за спречување и заштита од дискриминација е донесено мислење со кое се утврдува постоење на индиректна дискриминација од страна на Министерството за одбрана кон професионалните војници во Армијата на Република Северна Македонија. Претставката до Комисијата ја поднел Независниот синдикат на професионални војници СО Скопје, кој веќе подолго време алармира за неправдите што, како што велат, ги трпат нивните членови.
„Јас Александар Насковски како претседател на синдикатот и професионален војник поднесов претставка на 12.11.2024 година до КСЗД за утврдување на дисриминација, бидејќи Министерството за одбрана не им го трансформира работниот однос од определено на неопределено време на професионалните војници согласно член 46 од Законот за работни односи. Професионалните војници се единствените работници во државата што работат и по 25 години на определено време со продолжување на договори и по 7-8 пати во тој временски период и без можност на право од работен однос, пензионирање“, вели Насковски.






