MKinformer

your daily dose of news

Лице кое се води за исчезнато од април, пронајдено во автобус на граница, трнал на одмор

30/07/2025 8:49
фото илустрација

Полицијата на Граничниот премин Табановце пронашла 28-годишен маж од Гостивар, со престој во Скопје, кој на 4 април 2025 година бил пријавен како исчезнат од неговиот татко во Полициската станица Кисела Вода.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, лицето С.С. (28) било откриено вчера околу 18:30 часот при обид да ја напушти државата со автобус.

По извршената проверка и утврдувањето на идентитетот, надлежните служби преземаа соодветни мерки за негово безбедно згрижување и информирање на семејството.

error: Содржината е заштитена од копирање !!