(Видео)Голема полициска акција на автопатот Скопје-Куманово предизвика застој на сообраќајот
31/07/2025 23:39
Вечерва на наплатната станица на автопатот Скопје-Куманово се одвиваше голема полициска акција, која предизвика застој на сообраќајот во траење од околу половина час, јавува порталот „24 Инфо“ повикувајќи се на очевидци.
Интервенцијата се случува во време на летна туристичка сезона, кога сообраќајот на овој дел од автопатот е зголемен, а застои честопати се создаваат и без дополнителни полициски активности.
Засега, од МВР нема официјална информација за целта на акцијата и за тоа дали има уапсени лица или конфискувани предмети. Очевидци велат дека на терен биле присутни повеќе полициски возила и специјални единици.






