ЕВЕ ШТО ДА НАПРАВИТЕ АКО ВИ ГИ ЗЕМАТ ВОЗАЧКАТА И ТАБЛИЧКИТЕ ВО ГРЦИЈА
06/05/2025 9:47
Порталот „Грција Инфо“ редовно ги потсетува туристите да ги почитуваат прописите, како и каква е постапката при отстранување на регистарски таблички и одземање на возачка дозвола.
Доколку се најдете во таква ситуација, добро е да знаете што треба да преземете и како да постапите, посебно затоа што на социјалните мрежи се споделуваат разни искуства на граѓани кои веќе го преживеале ова горко искуство.
– Ова е една од најголемите непријатности што можат да им се случат на возачите. Грчката полиција сè уште има практика да ги отстранува и привремено да им ги одзема регистарските таблички на туристите кои паркираат непрописно или прават сообраќајни прекршоци додека возат, и ова е легитимно според грчкиот закон, иако многумина го сметаат за неточно. Запленувањето и отстранувањето на регистарските таблички често е придружено со одземање на возачка дозвола во траење од 20 дена – наведува овој портал.
– Земете го со себе листот хартија што полицаецот го оставил на вашето ветробранско стакло и, со доказ дека сте ја платиле казната, одете во надлежната Полициска станица (на казната ќе биде наведено која станица е засегната). Важно е да се знае! Според грчкиот Закон за патен сообраќај, во случај на непрописно паркирање, покрај отстранувањето на регистарската табличка и паричната казна, може да се примени и казната одземање на возачката дозвола во траење од 10 дена и сообраќајната дозвола во траење од 20 дена – пишува порталот.
Тие додаваат дека понекогаш полициските командири се подготвени да ги вратат регистарските таблички и сите документи на возачот веднаш по плаќањето на казната или следниот ден, а понекогаш го задржуваат правото (како што им дозволува законот) да не ги вратат во следните 20 дена.
Исто така, наведува дека мора да поднесете барање што полицијата мора да го одобри за да ги врати вашите документи или да го одбие во рок од еден или два дена.
Новиот закон ќе предвидува парична казна, одземање на возачката дозвола, казнени поени (кога станува збор за грчки државјани), но не и одземање на сообраќајната дозвола и регистарските таблички.





