MKinformer

your daily dose of news

Пад на вредноста на Еврото во Албанија

01/08/2025 20:13

Единствената европска валута, еврото, продолжува да покажува ниски вредности во однос на албанската валута-лек, достигнувајќи рекордно ниско ниво.

На девизниот пазар денес, еврото се откупува за 96,8 леки, а се продава за 97,8 леки. Пред само две години, едно евро се купуваше за 127 леки.

“Тоа се должи на повеќе фактори, почнувајќи од странските инвестиции во недвижности во Албанија, па сè до менувачките операции во големи износи, што е условено од масовното присуство на странски туристи”, објавија медиумите.

Трговците со девизи очекуваат европската валута да забележи натамошно намалување на вредноста, имајќи предвид дека сме во зенитот на летната туристичка сезона, а големиот интерес на странците за купување недвижен имот не покажува знаци на опаѓање.

“Ваквиот тренд позитивно ќе се одрази кај сите оние лица кои имаат кредити во евра, бидејќи ќе плаќаат помалку. И Владата има корист од силниот лек во однос на еврото, бидејќи плаќа помалку за надворешниот долг”.

“Тие што се директно оштетени се извозниците бидејќи ја продаваат стоката во евра, добивајќи помал профит”, оценуваат медиумите.

Британската фунта останува на истите нивоа, се купува за 111,8 леки, а се продава за 113,2 леки, исто како и швајцарскиот франк, кој се купува за 103,6 леки, а се продава за 104,9 леки.

Од друга страна, американскиот долар бележи умерен пораст, се купува за 84 леки, а се продава за 85,5 леки.

error: Содржината е заштитена од копирање !!