MKinformer

your daily dose of news

Вардар и Пелистер под рефлектори ќе ја отворат новата сезона!

02/08/2025 12:34

В петок на 8 август со два дерби натпревари ќе почне новата сезона во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), а вечното дерби меѓу Вардар и Пелистер ќе се игра во вечерен термин.

Прв меч кој ќе се одигра во новата сезона ќе биде дуелот во Тетово меѓу Шкендија и Шкупи, тој дуел е закажан за во петок од 17 часот.

Три часа подоцна ќе почне дербито на Градски меѓу Вардар и Пелистер.

Колото продолжува во сабота од 17:30 часот има два натпревари, Башкими – Аресими и Струга ТЛ – Македонија ЃП.

Во недела Работнички му гостува на Тиквеш, а во понеделник колото ќе го затворат Силекс и Брера.

error: Содржината е заштитена од копирање !!