MKinformer

your daily dose of news

Словенечките пожарникари заминуваат денес, а Чесите со „Блек хокот“ утре

03/08/2025 13:04

Денес заминува словенечкиот тим од 61 пожарникар специјализирани за гаснење на шумски пожари, со 18 возила.


Утре заминува и чешкиот Блек Хок со седумчлената посада.

За гаснење на пожарот на територијата на општина Долнени во атарот на с. Стровија на местото викано Гајдарец – Клепало, рано утрово со полициски хеликоптер беа исфрлени екипи на Национални Шуми со неколку доброволци ловци кои за неколку часа целосно го изгаснаа овој пожар на отворен простор кој имаше зафатено поголема површина со сува и висока трева по гребенот на планината.

Пожарот на планината Готен е целосно изгаснат и од радовишката и од беровската страна.

error: Содржината е заштитена од копирање !!