Гром удри на фудбалски натпревар во Лозница, Србија – 11 играчи повредени
04/08/2025 8:23
Во текот на попладневен фудбалски натпревар во Лозница, Србија, гром удри на теренот и предизвика повреди кај 11 играчи. Според српските медиуми, натпреварот се играл помеѓу Раднички од Клупци и Цер од Петковица.
Од ударот на гром, десет фудбалери на домашниот тим се здобиле со полесни повреди, а еден играч на гостинскиот тим Цер е потешко повреден и хоспитализиран.
Инцидентот се случил во момент кога силно невреме го зафатило подрачјето на Клупци.
Ова е втор ваков случај за викендот. Во саботата, во чешкиот град Опава, гром удри за време на тренинг на деца, при што едно дете е со тешки повреди, а седум деца и еден возрасен поминале со полесни повреди.






