MKinformer

your daily dose of news

(ВИДЕО) Српски министер доживеа мозочен удар во ТВ-емисија во живо

05/08/2025 12:57

Српскиот министер за јавни инвестиции Дарко Глишиќ доживеа мозочен удар утрово за време на гостувањето во утринската програма на телевизијата Пинк.

Глишиќ беше гостин во утринската програма на телевизијата Пинк, но одеднаш почна да пелтечи и не можеше да изговори ниту еден цел збор. Водителите го прашаа неколку пати дали се чувствува добро, но тој не можеше да одговори, па програмата беше прекината.

Глишиќ беше итно префрлен во болница, каде набрзо пристигна и српскиот претседател Александар Вучиќ. Глишиќ се смета за еден од неговите најблиски соработници.

Дарко Глишиќ е министер во Владата на Србија од мај 2024 година. Тој е член на Српската напредна партија од нејзиното основање, а од 2016 година е претседател на Извршниот одбор на СНС.

  • Видеото погледнете го ТУКА.
error: Содржината е заштитена од копирање !!