Утрово нема активни пожари на територијата на Македонија
05/08/2025 8:47
На територијата на Македонија се евидентирани вкупно 11 пожари на отворен простор, од кои ниту еден не е активен, а сите 11 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи.
Изгаснати пожари:
1. Општина Долнени – с. Стровија, зад местото викано Гајдарец-Клепало (нискостеблеста шума)
2. Општина Липково – с. Слупчане (ниска вегетација)
3. Општина Чашка – с. Богомила (мешана шума)
4. Општина Македонски Брод – с. Грешница (деградирана нискостеблеста шума)
5. Општина Долнени – с. Лажани (ниска вегетација)
6. Општина Тетово – ул. 146 (сува трева и смет)
7. Општина Врапчиште – с. Добри Дол (запалена нива)
8. Општина Кичево – с. Цер (запалено ѓубре и ниска вегетација)
9. Општина Кичево – с. Челопеци (ниска вегетација)
10. Општина Делчево – с. Вратиславци (ниска вегетација)
11. Општина Виница – над „Мебел Ви“ (ниска вегетација)






