(ВИДЕО) Црвена Звезда чекори кон Лигата на шампионите, лесно совладан Лех
07/08/2025 8:53Белградскиот гигант беше многу подобар противник во текот на целиот натпревар, а победата беше најавена со голот на искусниот Раде Круниќ по само девет минути игра.
Иако без некаква посериозна игра и без шанси, домаќините израмнија од првата посериозна прилика кога со волеј погоди Ишак на десетина минути пред крајот на првиот дел.
Второто полувреме имаше сличен почеток како првиот дел и Круниќ го постигна својот втор гол во 51. минута.
Лех тешко ја поминуваше на средината на теренот и често се играше на половината на полскиот состав, а таквата игра донесе и трет гол во мрежата на Полјаците, стрелец беше Дуарте во 74. минута. Со овој трумф Звезда си обезбеди одлична предност за реваншот кој е на програмата за седум дена во Белград.
Фото: Crvena Zvezda/FB







