Арсовска: „Законот важи само каде што сакаат – во Чаир молк, во Демир Хисар полициски спектакл на полноќ“
09/08/2025 23:05
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, остро ја нападна двојната аршини на институциите, споредувајќи го синоќешниот полициски претрес во домот на директорката на средното училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Демир Хисар со игнорирањето на предметот за дивоградбите во општина Чаир.
„Вие скенирајте фискални и плаќајте даноци“, иронично им порача Арсовска на граѓаните, посочувајќи дека додека МВР и Обвинителството молчат три месеци за случај со над 3.200 страници докази за фалсификати во Чаир, во Демир Хисар прават ноќен упад кај 57-годишна професорка за да ја сменат од функција еден ден пред избори.
„Жена, болна и без ниту една дамка во кариерата, на полноќ ќе ја носеле на распит за да каже каде е печатот. Законот вели дека не може да се разреши додека е на боледување, ама тоа очигледно не важи кога им треба политички спектакл“, обвини Арсовска.
Таа додаде дека во Чаир „не смеат ни да писнат“, додека во Демир Хисар демонстрираат сила врз образован кадар и воспитувачи, нарекувајќи го тоа „терор над чесни луѓе“.






