MKinformer

your daily dose of news

Азербејџан и Ерменија постигнаа мировен договор

09/08/2025 17:27

На историски мировен состанок во Белата куќа, претседателот на САД Доналд Трамп успеа да го доведе до крај договорот меѓу Ерменија и Азербејџан, со кој се става крај на децениските конфликти меѓу двете земји. На церемонијата, Трамп стоеше во средината, симболизирајќи ја клучната улога на Америка во процесот.

Договорот предвидува повторно отворање на клучните транспортни рути и воспоставување на нов голем транзитен коридор „Рута за меѓународен мир и просперитет“ – рече Трамп, што е директно признание за неговиот придонес во постигнувањето на спогодбата. Според Белата куќа, ова е стратешки потег што го зајакнува американското присуство во регионот во време кога влијанието на Москва опаѓа.

„Голема чест е за мене“, изјави Трамп, потенцирајќи дека иницијативата за името дошла од ерменската страна како благодарност за неговото посредништво.

Постигнатиот договор доби високи пофалби од НАТО и Европската Унија. НАТО го поздрави напредокот и му се заблагодари на претседателот Трамп за неговата инвестиција во мирот, а ЕУ го оцени како „значаен пробив“ кој го отвора патот за трајна нормализација на односите врз основа на меѓусебно признавање и почитување на суверенитетот.

error: Содржината е заштитена од копирање !!