Трамп и Путин ќе се сретнат во Алјаска на 15 август 2025 година
09/08/2025 9:15
Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека следниот петок, 15 август 2025 година, ќе одржи средба со рускиот претседател Владимир Путин во американската држава Алјаска.
„Долгоочекуваната средба меѓу мене, како претседател на Соединетите Американски Држави, и претседателот на Русија, Владимир Путин, ќе се одржи во Големата држава Алјаска. Повеќе детали ќе бидат објавени наскоро. Ви благодарам за вниманието кон ова прашање“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.
Ова ќе биде прва средба меѓу лидерите на САД и Русија од 2021 година, кога тогашниот американски претседател Џо Бајден се сретна со Путин во Женева.






