MKinformer

your daily dose of news

Сообраќајка на „Рузвелтова“ – повредени две жени, едната со тешки повреди

10/08/2025 20:20

Во петокот, околу 10:30 часот, на крстосницата меѓу улиците „Народен фронт“, „Франклин Рузвелт“ и „Јуриј Гагарин“ во Скопје, патничко возило „Хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 33-годишниот М.З. од Скопје, удрило во две жени, пешаци.

Како што информира МВР, во несреќата тешки телесни повреди задобила 80-годишната Д.А., додека 81-годишната С.З. се здобила со полесни повреди. Двете повредени жени се од Скопје, а повредите им биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

На местото на настанот бил извршен увид од увидна екипа на СВР Скопје.

error: Содржината е заштитена од копирање !!