MKinformer

your daily dose of news

Волците од Армијата спасија голема зимзелена шума во Јасен

12/08/2025 20:43

Во информацијата за состојбата со пожарот во ловиштето „ЈАСЕН“, раководителот на Главниот штаб за управување со кризи и директор на ДЗС, Стојанче Ангелов, се вели:

„Борбата против огнот во ловиштето Јасен продолжува. Од земја дејствуваат припадници на специјалните единици на Армијата и Полицијата заедно со екипи на ЈП Јасен. Од воздух дејствуваат еден ер трактор на ДЗС и еден полициски хеликоптер.

Една линија на пожарот која се протегаше исклучително стрмно над асфалтираниот пат кој низ ловиштето Јасен води од Скопје кон езерото Козјак, е успешно изгасната од страна на армиските Волци со што е спасена поголема површина зимзелена шума.

Борбата со огнот на моменти е ризична поради што сеуште не може да се воспостави контрола над овој шумски пожар кој се одвива на екстремно тежок терен.

Пожарот над с. Свиларе е целосно изгаснат додека пожарот на територијата на с. Радуша сеуште е активен и се движи кон општина Јегуновце.“

error: Содржината е заштитена од копирање !!