MKinformer

your daily dose of news

Одржана прва седница на Главниот штаб за кризи за пожарите

02/07/2026 21:00

Одржана прва седница на Главниот штаб за управување со кризи по прогласената кризна состојба поради пожари

Усвоен Акциски план за превенција и справување со пожарите, координирано ангажирање на сите надлежни институции

Прва координативна седница по прогласувањето на кризна состојба

Согласно Одлуката на Владата на Република Македонија за постоење кризна состојба поради зголемените ризици од пожари на отворен простор и шумски пожари, денеска (02.07.2026 година) во Центарот за управување со кризи се одржа првата координативна седница на Главниот штаб за управување со кризи.

На седницата присуствуваа:

  • Стојанче Ангелов – раководител на Главниот штаб;

  • Мухамет Али – директор на Центарот за управување со кризи;

  • Трајче Јовановски – заменик-директор на ЦУК;

  • претставници од Министерството за внатрешни работиМинистерството за одбранаАрмијата на Република Македонија, Црвениот крстМинистерството за здравствоИтната медицинска помошМинистерството за земјоделство, шумарство и водостопанствоДржавниот инспекторат за животна срединаАгенцијата за разузнавањеДирекцијата за безбедност на класифицирани информации и други надлежни институции.

Разгледана актуелната состојба и подготвеноста на институциите

На седницата беше разгледана актуелната состојба со пожарите и подготвеноста на институциите за координирано постапување во услови на кризна состојба.

Главниот штаб го усвои Акцискиот план за превенција и справување со пожарите, со кој се предвидува:

  • координирано ангажирање на човечките и материјално-техничките ресурси;

  • подобрување на меѓуинституционалната координација;

  • обезбедување постојана комуникација за навремена реакција при пожари.

Цел, ефикасно справување со пожарите

Оваа седница претставува прв чекор во имплементацијата на кризниот протокол, со јасна цел, ефикасно и навремено справување со пожарите на отворен простор и шумските пожари, кои во последните денови ја зафатија територијата на државата.

Главниот штаб ќе продолжи да ја следи состојбата и да ги координира активностите на сите надлежни институции во наредниот период.

error: Содржината е заштитена од копирање !!