MKinformer

your daily dose of news

Состојба на патиштата во Р. Македонија за ден 13-08-2025г

13/08/2025 8:41

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила но на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Поради пожар во Националниот парк Јасен, регионалниот пат Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила, информира АМСМ.

error: Содржината е заштитена од копирање !!