MKinformer

your daily dose of news

ВИКЕНДОТ ПОЧНА, ГУЖВИ НА ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ

19/07/2025 8:37

Викендот и високите температури несомнено причина голем број граѓани да побрзаат кон соседна Грција, на море.

АМСМ известува каква е сосотојбата на патиштата ова утро.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

На ГП Табановце времето на чекање е 35 минути, на ГП Дојран време на чекање е 15-25 минути, а на ГП Богородица времето на чекање за влез е 15 минути, а за излез од државата времето на чекање е 45 минути.

На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираа утрово од АМСМ.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

На сила е забрната за тешки товарни возила. Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.

error: Содржината е заштитена од копирање !!