Земјотрес во Албанија од 3,6 степени
15/08/2025 20:21
Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала ја погоди денес Албанија. Епицентарот на земјотресот беше во Фуша Кроја, додека послаби потреси беа почувствувани во Тирана.
Европскиот медитерански сеизмолошки центар соопшти дека епицентарот на земјотресот е регистриран во Фуша Кроја, на околу 16 километри од Тирана, објави „Репортери“. Магнитудата на земјотресот беше 3,6, додека длабочината беше четири километри.




