MKinformer

your daily dose of news

Земјотрес од 4,6 степени во Грција

06/04/2026 7:51

Силен земјотрес со магнитуда од 4,6 степени според Рихтер е регистрирано рано утринава во Грција. Земјотресот се случил во 07:20 часот по локално време (06:20 по македонско време) и бил особено почувствуван во областа околу градот Јанина.

Епицентарот кај Јанина, длабочината невообичаено мала

Според податоците на Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC), епицентарот на потресот бил лоциран на само 12 километри северозападно од градот Јанина, каде живеат околу 65.500 жители. Најзагрижувачки е податокот дека длабочината на земјотресот била 0 километри, што значи дека хипоцентарот бил на самата површина, што потенцијално може да предизвика поголема штета.

Почусвено и во поширокиот регион

Земјотресот бил почувствуван и на 142 километри западно од Лариса, град со околу 144.000 жители. Засега нема официјални извештаи за материјална штета или повредени лица, но огласувањето на социјалните мрежи укажува дека потресот предизвикал страв и вознемиреност кај локалното население.

Се препорачува претпазливост

Надлежните служби во Грција ги повикуваат граѓаните да бидат претпазливи и да избегнуваат оштетени објекти, бидејќи се можни помали последователни потреси. Засега не се регистрирани поголеми пречки во сообраќајот или комуналните услуги.

error: Содржината е заштитена од копирање !!