Вардар го продаде Догмо во Романија
19/08/2025 10:22Во Петролул, Донгмо треба да биде замена за Тидиане Кеита кој летово се пресели во Клуж. Камерунскиот фудбалер дојде во Вардар во 2024 година од француска Троа, а интересно е тоа што во јуни, додека „црвено-црните“ беа на подготовки во Словенија, го продолжи договорот до 2027 година.
Неговата вредност се проценува на 150 илјади евра, но засега е непознато колку ќе заработи Вардар од неговата продажба. Летово тој одигра четири натпревари во Конференциската лига и два во домашното првенство, не постигна гол, но запиша вкупно три асистенции, една соЛа Фиорита на домашен терен и две со Пелистер.







