MKinformer

your daily dose of news

ЖОАО ФЕЛИКС ДО КРАЈОТ НА СЕЗОНАТА ВО МИЛАН

03/02/2025 18:40

Според француски „Лекип“, фудбалскиот клуб Милан постигна договор со Челзи за позајмица на Жоао Феликс.

Португалскиот напаѓач со денови се поврзуваше со трансфер во Милан, а како што стојат работите, двата клуба постигнаа договор на истекот на преодниот рок. Феликс ќе го напушти Челзи по само шест месеци, откако му се приклучи на англискиот клуб минатото лето од Атлетико Мадрид. „Сините“ на Атлетико му платија 52 милиони евра за трансферот на Португалецот.

Донесен како големо засилување, Феликс не успеа да му се напетне кај тренерот Енцо Мареска. Во Премиер лигата речиси и да не играше, место во тимот имаше само во Лига купот и Конференциската лига.

Феликс има договор со Челзи до јуни 2030 година. Позајмицата Милан ќе ја плати пет милиони евра. Во договорот не постои клаузула за откуп на договорот.

Феликс кариерата ја започна во Бенфика, во 2019 година се пресели во Атлетико за клупски рекорд од 126 милиони евра. Не ги оправда вложените пари, па Атлетико го испраќаше на позајмици во Челси и Барселона.

error: Содржината е заштитена од копирање !!