MKinformer

your daily dose of news

Вардар го продаде Догмо во Романија

19/08/2025 10:22

Камерунскиот интернационалец Данел Донгмо го заврши својот престој во Вардар и кариерата ќе ја продолжи во првенството на Романија.

Во Петролул, Донгмо треба да биде замена за Тидиане Кеита кој летово се пресели во Клуж. Камерунскиот фудбалер дојде во Вардар во 2024 година од француска Троа, а интересно е тоа што во јуни, додека „црвено-црните“ беа на подготовки во Словенија, го продолжи договорот до 2027 година.

Неговата вредност се проценува на 150 илјади евра, но засега е непознато колку ќе заработи Вардар од неговата продажба. Летово тој одигра четири натпревари во Конференциската лига и два во домашното првенство, не постигна гол, но запиша вкупно три асистенции, една соЛа Фиорита на домашен терен и две со Пелистер.

error: Содржината е заштитена од копирање !!