Трамп и Зеленски разговараа во Белата куќа: „Путин чека мој повик“
19/08/2025 8:35
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера во Овалната соба го прими својот украински колега Володимир Зеленски. Главни теми на средбата беа состојбата на фронтот, американската воена поддршка и изгледите за дипломатски преговори за завршување на војната.
Во обраќањето пред медиумите, Трамп истакна дека е убеден оти конфликтот може да заврши „многу побрзо отколку што се очекува“. Тој најави дека по средбата ќе оствари директен телефонски контакт со рускиот претседател Владимир Путин.
„Путин го очекува мојот повик. Ќе разговараме за следните чекори откако ќе го слушнам ставот на претседателот Зеленски. САД сакаат мир – но мир што ќе ја гарантира безбедноста на Украина“, порача Трамп.
Зеленски, пак, се заблагодари за поддршката од Вашингтон и подвлече дека улогата на Соединетите Американски Држави е пресудна за запирање на руската агресија. „Верувам дека заедно можеме да изградиме решение кое ќе донесе мир и стабилност не само во Украина, туку и во цела Европа“, изјави украинскиот лидер.
Средбата во Белата куќа се смета за значаен чекор во односите меѓу Вашингтон и Киев, а особено по најавите на Трамп дека планира активно да посредува во можните разговори меѓу Украина и Русија.




![ЕДЕН ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВОР ГО ПРОМЕНИ МИСЛЕЊЕТО НА ТРАМП ЗА ПУТИН: Како Трамп од нема оружје за Украина стигна до испорака на ракетите „Патриот“ tramp[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/08/tramp1.jpg)

