MKinformer

your daily dose of news

Работодавачите не исплаќаат плати. УЈП со апел до фирмите за навремено исполнување на даночните обврски

20/08/2025 12:09

Управата за јавни приходи (УЈП) најави дека во наредните денови ќе спроведе законски мерки за присилна наплата на месечните аконтации за данок на добивка и исплатата на јулските плати со придонеси кај даночните обврзници кои досега не ги подмириле своите обврски.

Според официјалните податоци, 2.129 компании не ја уплатиле аконтацијата за данок на добивка за јули 2025 година, а кај 11.555 обврзници не е евидентирана исплата на бруто-плати и придонеси за истиот месец. Од УЈП нагласуваат дека дел од овие долгови може да се подмират со даночни побарувања, но тоа не ја исклучува законската обврска за навремено сервисирање.

На 19 август институцијата достави персонализирани известувања до сите обврзници со неплатени обврски, со јасен апел веднаш да ги извршат уплатите.

„Се работи за средства кои се од суштинско значење за редовното полнење на државниот буџет и финансирање на клучни системи како здравството, образованието и социјалната сигурност“, порачаа од УЈП, повикувајќи на одговорност и навремено исполнување на обврските кон државата и граѓаните.

error: Содржината е заштитена од копирање !!