MKinformer

your daily dose of news

Лавров: Не е планирана средба Путин – Зеленски

22/08/2025 16:22

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека не е планиран состанок на рускиот претседател Владимир Путин со украинскиот колега Володимир Зеленски.

– Нема планиран состанок … Путин е подготвен да се сретне со Зеленски, кога ќе биде подготвен дневен ред на тој самит. Апсолутно не е подготвен дневен ред, истакна Лавров во денеска објавеното интервју за американската телевизија Ен-би-си (НБЦ).

Тој се осврна и на резултатите од самитот Русија – САД на Алјаска, истакнувајќи оти Русија покажала флексибилност по низа прашања иницирани од американскиот претседател Доналд Трамп.

Претседателот Трамп предложи неколку точки по Енкориџ, за некои имаме исто мислење, а за некои се согласивме да покажеме одредена флексибилност, наведе Лавров. (МИА)

error: Содржината е заштитена од копирање !!