MKinformer

your daily dose of news

Руски владин авион со делегација, слетаа на Аљаска пред утрешниот самит Трамп, Путин

14/08/2025 21:52

ускиот државен авион Ил-96-300 со регистрација RSD381 денеска слета на меѓународниот аеродром „Тед Стивенс“ во Енкориџ, Аљаска, носејќи дел од делегацијата што ќе учествува на утрешните преговори за Украина меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин.

Иако првично беше планирано авионот да слета директно во американската воена база „Елмендорф-Ричардсон“, каде ќе се одржи самитот, дестинацијата беше променета во меѓународниот аеродром во Енкориџ.

Во следните часови од Москва полетаа уште три руски авиони – два Ил-96-300 и еден Bombardier BD-700-1A10 – со државни функционери, новинари и останати членови на делегацијата. Истовремено, еден од руските авиони се врати назад во Москва.

Во составот на руската делегација се шефот на дипломатијата Сергеј Лавров, министерот за одбрана Андреј Белоусов, советникот Јуриј Ушаков и министерот за финансии Антон Силуанов. Американската страна ќе ја предводат Трамп и потпретседателот Џ.Д. Венс, со државниот секретар Марко Рубио, специјалниот пратеник Стив Виткоф и министерот за финансии Скот Бесент.

Трамп: Можеби ќе има зделка за Украина
Во интервју за Fox Radio, Трамп изјави дека има „25% шанси“ средбата со Путин да биде успешна, додавајќи дека верува оти рускиот претседател сака договор за Украина. Тој предупреди дека САД ќе воведат нови санкции ако разговорите не донесат резултат.

Украина во пресрет на самитот ги повтори своите клучни барања – траен мир, безбедносни гаранции и значајни финансиски репарации.

Путин: Вашингтон вложува искрени напори
Путин, во обраќање во Кремљ, изрази убеденост дека американската администрација прави „искрени напори“ да се стави крај на конфликтот, оставајќи отворена можност за договор за контрола на нуклеарното оружје.

Средбата меѓу двајцата лидери ќе се одржи утре во „Елмендорф-Ричардсон“ во 11:30 часот по локално време (21:30 часот по средноевропско време).

error: Содржината е заштитена од копирање !!