MKinformer

your daily dose of news

Мециновиќ: Скопје мора да добие нова визија и функционален град

24/08/2025 11:51

Кандидатот за градоначалник на Скопје од Левица, Амар Мециновиќ, во гостување на Сител истакна дека неговиот тим секојдневно се засилува со активисти и експерти од различни области, кои заедно градат платформа насочена кон јавниот интерес.

„Скопје има креативен потенцијал, но мора да се ослободи од политички пранги и партиски притисоци. Со љубов, ентузијазам и визија можеме да изградиме ново, функционално и современо Скопје,“ порача Мециновиќ.

Главен приоритет за него е јавниот превоз, за кој смета дека во 2025 година не смее да се соочува со проблеми. Затоа најави набавка на нови автобуси, алтернативни решенија за транспорт и нов генерален урбанистички план.

„Нашата борба е против штетните политики на старите партии. Нудиме поинаква визија – визија што го става граѓанинот и јавниот интерес на прво место,“ истакна кандидатот на Левица.

error: Содржината е заштитена од копирање !!