Времето денеска: Сончево со умерена облачност и температури до 32°C
25/08/2025 8:05
Денеска времето во Македонија ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, главно од југозападен правец. Во попладневните часови, во планинските региони ќе има услови за локален слаб дожд.
Максималните дневни температури ќе се движат од 22 до 32 °C.
Во Скопје се очекува сончево време со умерена облачност и слаб до умерен југозападен ветер. Максималната температура ќе достигне 31 °C.
Прогноза за утре:
Утрешниот ден ќе донесе сончево време со мала до умерена облачност и дневни температури до 34 °C. Попладне, во планинските предели ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.




