Еве какво време најавуваат од УХМР за наредната недела
08/03/2025 10:35
Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло, според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се движи од 17 до 23 степени.
Во Скопје, се очекува претежно сончево и топло време со слаб јужен ветер. Максималната температура ќе достигне до 23 степени.
Утре наутро ќе биде постудено, а во текот на денот ќе има сончево и топло време. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Во Скопје, ќе биде сончево и топло со слаб јужен ветер.
Во понеделник, ќе има сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
За вторник, се предвидува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните часови, ќе има услови за локален пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува умерен ветер, кој повремено ќе биде засилен (над 60 km/h) од јужен правец.
Во среда, времето ќе биде променливо облачно, а во попладневните часови ќе има локален пороен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен ветер, кој понекогаш ќе биде засилен (над 60 km/h) од јужен правец.






