Евгениј Поп Ацев стана петтиот Македонец што го преплива каналот Ла Манш
26/08/2025 9:29
Македонскиот пливач Евгениј Поп Ацев го испиша своето име во историјата на македонскиот спорт, станувајќи петтиот Македонец кој успешно го препливал каналот Ла Манш.
Поп Ацев го заврши пливањето за неверојатни 9 часа и 43 минути, што претставува извонредно постигнување во овој предизвикувачки маратон.
Познатиот македонски пливач е трикратен светски шампион, член на Меѓународната сала на славните за маратонско пливање, со богата кариера од 2007 до 2021 година, во која учествувал на 107 натпревари од светска класа.
Со ова достигнување, тој се придружи на групата македонски легенди кои пред него успеаја да го совладаат каналот: Нико Нестор, Атина Бојаџи, Томи Стефановски и Игор Димовски.
Асоцијацијата за пливање преку каналот Ла Манш упати голема чест и благодарност до Поп Ацев и неговиот екипаж за извонредниот подвиг.






