MKinformer

your daily dose of news

Бојаџи ги обвини Министерството и Агенцијата за филм за понижување

01/06/2026 15:26

Jани Бојаџи го откажа филмот „Татко“: „Нема да бидеме параван за комуњарските игри на Министерството“

Режисерот Јани Бојаџи објави дека се откажува од снимањето на филмот „Татко“, еден од проектите кои беа одредени да добијат финансиска поддршка за 2026 година. За оваа одлука тој ги обвини Министерството за култура и Агенцијата за филм, за кои рече дека водат „комуњарска и северџанска политика“. Продуцентот Дејан Милошевски потврди дека се откажуваат од доделените средства.

Бојаџи: „Нема да дозволиме да бидеме понижени“

Во својата објава, режисерот Јани Бојаџи беше категоричен:

„Ја поддржувам во целост одлуката на Дејан како продуцент. Нема да дозволиме да бидеме понижени и обесправени! Нема да бидеме параван зад кој со нашите имиња на вистински уметници и филмски автори Министерството за култура и Агенцијата за филм ќе ги играат нивните комуњарски и северџански игри!“

Бојаџи се заблагодари на сите соработници кои, како што рече, четири години работеле на развојот на филмот инспириран и посветен на Македонија и мајката земја.

„Борбата продолжува! Ќе победиме. И без нив“, порача режисерот.

Продуцентот Милошевски: Одбиваме да бидеме дел од перфидна игра

Претходно се огласи и продуцентот Дејан Милошевски во име на продуцентската куќа „Revolution production“, соопштувајќи дека филмот нема да се снима и дека се откажуваат од доделените средства.

„Ја известуваме јавноста дека се откажуваме од реализацијата на долгометражниот игран филм со работен наслов „ТАТКО“, според сценарио и во режија на Јани Бојаџи. Оваа одлука е донесена по внимателна анализа на условите и околностите во кои требаше да се реализира проектот.“

Милошевски нагласи дека одлуката не е донесена лесно и дека е резултат на долгогодишно искуство и настаните со кои се соочувале во последните години.

„Одбиваме да бидеме дел од оваа перфидна игра на Министерството за култура и Агенцијата за филм која нас како уметници не става во понижувачка и недостојна позиција и очекува да бидеме параван за лукративните и антифилмски цели на оваа, според сè што се случува во години наназад, тенденциозна филмска администрација.“

Проектот беше инспириран и посветен на Македонија

Филмот „Татко“ со работен наслов беше еден од проектите кои добија финансиска поддршка за 2026 година. Бојаџи истакна дека филмот е инспириран и посветен на Македонија и мајката земја. Со откажувањето на проектот, продуцентската куќа се откажува и од доделените средства.

Засега Министерството за култура и Агенцијата за филм немаат официјално соопштение по повод обвинувањата на Бојаџи и Милошевски.

error: Содржината е заштитена од копирање !!