MKinformer

your daily dose of news

Пуштен за сообраќај регоналниот пат Нова Брезница – Македонски Брод преку Јасен

27/08/2025 8:32

Од денеска, со почеток во 5 часот наутро, регионалниот пат Р-1106 Нова Брезница – Македонски Брод, што минува низ Националниот парк „Јасен“, повторно ќе биде отворен за сообраќај во согласност со термините од МВР.

АМСМ информира дека возачите треба да внимаваат, да ја приспособат брзината и да ја следат патната сигнализација поради можни одрони на коловозот.

Во моментов, сообраќајот на државните патишта се одвива без проблеми и на суви коловози. Сепак, поради летниот период и зголемениот број патувања, интензитетот на сообраќај е поголем, но на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања.

АМСМ дополнително потсетува на потребата од внимателно возење, особено на делниците низ клисурите, котлините и речните долини, каде што е поголема опасноста од одрони. Најризични се патните правци Катланово–Велес, Маврово–Дебар–Струга, Виница–Берово и Кочани–Делчево.

error: Содржината е заштитена од копирање !!