Гужви на Табановце и Богородица: За влез и излез се чека до еден час
01/08/2026 9:44
Гужви на Табановце и Богородица се бележат утрово поради зголемената фреквенција на возила за продолжениот викенд. На двата гранични премини времето на чекање е од 30 минути до еден час, информира АМСМ.
На Табановце има зголемена фреквенција на возила за влез во Македонија. На Богородица, пак, најголема е гужвата за излез од државата.
На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања.
Зголемен сообраќај кон Охрид и Грција
Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е зголемен.
Голем број граѓани за продолжениот викенд се упатија кон Охрид и другите туристички места во земјава. Зголемена е и фреквенцијата на возила кон Грција.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено и по суви коловози.
Опасност од одрони на повеќе делници
АМСМ препорачува возачите да ја приспособат брзината и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.
Потребно е внимателно возење на патиштата што минуваат низ котлини, речни долини и клисури. На овие места постои можност од појава на одрони.
Посебно внимание се препорачува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Поради продолжениот викенд, гужви на Табановце и Богородица се очекуваат и во текот на денот, додека на другите гранични премини засега нема подолги задржувања.



