Сончево и потопло време денеска, температури до 35 степени
27/08/2025 8:20
Денеска времето во Македонија ќе биде сончево и потопло, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од југозападен правец.
-
Минималните температури ќе се движат од 6 до 17 степени,
-
Максималните дневни температури ќе достигнат од 28 до 35 степени.
Во Скопје, исто така ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер, а температурите ќе се движат од минимални 13 до максимални 33 степени.
📅 Прогноза за наредните денови
До петок времето ќе се задржи претежно сончево и топло, со постепен пораст на дневните температури. Ќе дува умерен до засилен југозападен ветер, а во недела се очекува промена на правецот во северен ветер. Потоа ќе следува период на стабилно и уште потопло време.






