MKinformer

your daily dose of news

Вучиќ: Србија нема да воведe санкции кон Русија до крајот на мојот мандат – немам шеф, одговарам само пред народот

31/08/2025 9:41

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Србија нема да воведе санкции против Руската Федерација до крајот на неговиот мандат. Тој истакна дека одговара исклучиво на граѓаните на Србија и српскиот народ, а не на надворешни фактори.

„Ова не го направив сам, но јас немам газда. Единствено на кого одговарам се граѓаните на Србија и српскиот народ – никому повеќе, ниту на Запад, ниту на Исток,“ порача Вучиќ во видео објавено на социјалните мрежи.

Клучни пораки на Вучиќ:

  • Србија ќе остане на патот кон Европската Унија.

  • Нема да се воведат санкции кон Русија до крајот на неговиот мандат.

  • Одлуките се носат во интерес на граѓаните, а не по диктат на странски центри на моќ.

Вучиќ додаде дека располага со политичко мнозинство во Владата и Народното собрание, што му овозможува да ја гарантира оваа политика.

Оваа изјава доаѓа во контекст на зголемените притисоци од Запад за усогласување на надворешната политика на Србија со ЕУ, особено поради војната во Украина и односите на Белград со Москва.

error: Содржината е заштитена од копирање !!