MKinformer

your daily dose of news

Тежок удар за Србија: Капитенот Богдан Богдановиќ го заврши настапот на Евробаскет поради повреда

31/08/2025 10:06

Капитенот на српската кошаркарска репрезентација Богдан Богдановиќ го заврши своето учество на Евробаскет 2025 поради сериозна повреда. Според информации од САД, кај Богдановиќ е потврдена руптура на мускулот на задната ложа, поради што тој нема да може да настапи на остатокот од турнирот.

Ова е огромен удар за селекцијата на Светислав Пешиќ, бидејќи Богдановиќ повеќе од 15 години е срце и душа на српската репрезентација. Тој важи за лидер на теренот – кошаркар кој презема одговорност во клучни моменти, но и некој кој знае да им пружи поддршка на помладите соиграчи. Надвор од паркетот, познат е како мотиватор и градител на тимска атмосфера.

Како се случи повредата?
Богдановиќ ја доживеа повредата во завршницата на првото полувреме на натпреварот против Португалија (80:69 за Србија). По еден продор, тој се фати за задната ложа и со болна гримаса го напушти теренот, без да се врати во игра.

Иако нема да може да помогне на теренот, Богдановиќ најави дека ќе остане со тимот и ќе ја даде целата своја поддршка до крајот на шампионатот.

error: Содржината е заштитена од копирање !!